Поради еден потег пред трагичната смрт, Коби Брајант на семејството му донесе 400 милиони долари

Коби Брајант беше подеднакво успешен и како бизнисмен/ EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Легендарниот НБА кошаркар пред трагичната смрт инвестира шест милиони евра во компанијата „Бодиармор“ која неодамна беше продадена, а семејството на Коби Брајант заработи огромна сума на пари.

Коби Брајант заедно со ќерката Џиана и останатите седум лица трагично загинаа во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес на 26 јануари 2020 година.

Славниот кошаркар зад себе ја остави сопругата Ванеса и уште три ќерки, Наталија (18), Капри (2) и Бјанка (4), а освен што беше еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Брајант беше ценет и успешен надвор од спортот и сега еден таков потег на семејството му донесе 400 милиони долари.


Коби Брајант пред трагичната смрт инвестира шест милиони долари за основање на компанијата „Бодиармор“ која се занимава со производство на освежителни спортски напитоци. По неговата смрт, директорската позиција ја презеде новата сопруга Ванеса Брајант.

Деновиве компанијата беше продадена за дури осум милијарди долари, а семејството на Брајант заработи 400 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот