Фото: Принтскрин / Фејсбук

Американска готвачка и ѕвезда на кулинарско шоу почина на 49 години, ја изгуби битката со ракот на јајчници

Популарната готвачка Ел Сајмон Скот, која стана ТВ ѕвезда и се појави во шоуто на  „Америка тест кичен“ почина на 49-годишна возраст од рак на јајчниците. Веста за смртта ја потврди нејзината пријателка Карла Фал, пренесуваат странските медиуми.

Скот се пресели во Бостон во 2016 година за да се придружи на екипата на „Америка тест кичен“ и стана една од најпознатите готвачки на телевизија, брзо добивајќи пофалби од гледачите за нејзината топла и информативна личност.

Родена во Детроит, Скот ја започна својата кариера како социјален работник, пред да се преквалификува како готвач и да работи за „Норвежан круз лајнс“.

Потоа се пресели во Њујорк, се запиша на кулинарско училиште и почна да работи за познатата њујоршка готвачка Дени Мајер. Својот пробив на телевизија го направи кога се вработи како кулинарски стилист на каналот „Фуд нетворк“.

На Скот ѝ беше дијагностициран рак на јајчниците кратко откако се пресели во Масачусетс за да започне да работи во „Америка тест кичен“, а таа ја документираше својата борба со болеста на нејзиниот Инстаграм.

Нејзината пријателка Карла Фал по повод нејзината смрт изјави: „Готвачката Ел Симон Скот беше пријателка, сила и пионер. Таа се појави со извонредност, великодушност и длабока љубов кон храната и заедницата. Во ‘Американска тест кујна’, Ел помогна да се отвори врата што долго време беше затворена – станувајќи една од првите црнкинка што публиката ги виде во тест кујната, со грациозност, авторитет и радост. Таа не само што ги тестираше рецептите; го промени и начинот на кој храната е претставена во медиумите. Нејзиниот глас беше важен. Нејзината работа беше важна. Таа беше важна. Ел се соочи со ракот на јајчниците со храброст и искреност, користејќи ја својата платформа за да ги едуцира, застапува и охрабрува другите, дури и додека се бореше за сопствениот живот. Таквата сила остава трага. Ти оддаваме почит, Ел. Твоето наследство живее во секоја кујна што ја инспирираше и во секој готвач кој конечно го виде својот одраз во тебе. Почивај во мир, сестро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот