Поправен плафонот што се урна во градинката „Мајски цвет“

Во градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, се пуштени во употреба четири реновирани занимални, кои пред два месеци беа оштетени, откако падна дел од плафонот. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека било неопходно да се заменат сите гипс – картон табли на таваните во занималните и тоа да се направи професионално и по сите стандарди.

Со ова, се надевам дека нашите најмлади ќе бидат безбедни и нема да ни се случи повторно она што ни се случи – да падне дел од плафонот. Во исто време директорката и сите други директори добија налог четири пати годишно да ги проверуваат олуците, да ги чистат, за да не се запушуваат за потоа водата да не се прелева за да немаме вакви несакани последици, затоа што претставуваат опасност по животот и здравјето на децата згрижени во предучилишна возраст – изјави  Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот