Никола Поповски,/ фото: Принтскрин

Поповски: Ќе останеме во зоната на умерена инфлација

Ќе останеме во зоната на умерена инфлација и нема сценарио во кое може да има удар врз курсот на денарот, смета универзитетскиот професор Никола Поповски, поранешен министер за финансии и член на Советот на Народната банка.

Тој во вчерашното гостување на емисијата „24 анализа” посочи дека инфлаторните притисоци се застапени секаде – во Еврозоната, во Германија како нејзина најголема економија, во Соединетите Американски Држави, каде инфлацијата е околу 7 проценти. Нагласи дека нашата економија е само мал остров во океанот и дека поскапувањата се резултат на она што се случува глобално.

Според Поповски, нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот.

-Нашата инфлација веројатно до крајот на годината ќе се намали. Ударот беше јануарски, поради еднократното зголемување на цените на електричната енергија и парното. Девизните резерви се на високо ниво, на тоа упатува и извештајот на ММФ, каде се тоа се квантифицира. Во услови на врзан курс со еврото, ние ги имаме сите инструменти кај нас на располагање па дури и кога има инфлација. Оваа е умерена инфлација. И во теоријата кога е едноцифрена инфлацијата, таа е умерена. Ние ќе останеме во зоната на умерена инфлација, оцени Поповски.

Како предизвици кои доаѓаат за ценовните движења, Поповски ги посочи и развојот на руско-украинскиот конфликт, како и одмрзнувањето на цените на храната, која беше привремена мерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот