Поповиќ: Со новата методологија фокусот е добро управување – нешто што тешко се постигнува во краток рок

„ЕК ги најави контурите на новата методологија која допрва треба да биде објавена, а тоа што ние го искоментиравме беше повеќе очекување од истата и ризиците од имплементација“, вели Миша Поповиќ од Институтот за демократија за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Тој вели дека она што е добро околу новата методологија за проширување е свртувањето кон решавање на поединечни општествени проблеми кои треба да ги приближат земјите кандидатки до тоа да бидат добри членки на ЕУ и најавување интерес од паралелен економски развој на патот кон ЕУ.

„Оваа Методологија ќе значи продолжување на процесот. Мислам дека и со старата методологија земјите кои сега се кандидатка, вклучително и ние ќе се соочиме со долг процес, заради тоа што фокусот на земјите членки е добро управување нешто што тешко се постигнува во краток рок.“, изјави Поповиќ.

Тој додава дека тоа не е лошо за нашето општество доколку почнеме со преговори.

„Постојат сили во некои општества на земји членки кои гледаат со скептицизам кон проширувањата и тамошните лидери тоа мораат да го земат предвид. Ќе видиме во март што ќе се случи“, вели Поповиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот