Попоски: Сончево време, па нов влажен и студен бран

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево и релативно топло за овој дел од годината, а ќе има и мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Претежно сончево време ќе имаме и утре, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе засилува на интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, вели во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, метеорологот Славчо Попоски.

Во среда во текот на денот облачноста ќе се зголемува и особено во вечерните и ноќните часови кон четврток ќе има повремен локален дожд и снег на планините, особено во западните предели.

Во четврток пак нашата територија ќе биде зафатена од влажен и постуден воздушен бран од север. Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на нова и зголемување на веќе постоечката снежна покривка. Снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина, особено во западните и во северните предели од државава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот во четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Потоа од петок следува нова стабилизација на времето и постепен пораст на температурите на воздухот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот