Попева и Акиевска со медали од романскиот Интернационален Гранд При натпревар

Катерина Попева и Мери Акиевска остварија големи успеси во Сибиу, Романија/фото: facebook.com/bobangjoroski

Во романскиот град Сибиу се одржа ИФББ романскиот Интернационален Гранд При, натпревар на кој учествуваа натпреварувачи од повеќе држави од Европа.

Македонските репрезентативки, Мери Акиевска и Катерина Попева, предводени од претседателот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата, Бобан Ѓороски го искористија како тест, проверка на формите пред настап на престижниот натпревар, Арнолд Класик Европа, кој ќе се одржи во Севиља, Шпанија од 15 до 19 септември 2022 година.

Во Сибиу актуелната европска и светска шампионка, Акиевска рутински се закити со нов пехар и нова победа во категоријата Велнес-Фитнес, додека Попева го освои второто место во категоријата Боди-Фитнес.

– Уште една победа во низа. Гранд при Романија. Задоволството е големо, иако воопшто не е лесно да се биде во топ форма толку долг период на толку многи натпревари. Контролна станица пред натпревар кој е еден од најголемите во Европа на кој настапуваат натпреварувачи од целиот свет. Арнолд Класик Европа 2022 – вели Ѓороски.

Федерацијата им упати честитки за успешниот настап на репрезентативките и им посакуваат успешни финални денови пред настапот во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот