Поп пејачка почина по операција за намалување на градите

Фото: Инстаграм/ danili.dl

Бразилската поп-ѕвезда Дани Ли, родена како Даниеле Фонсека Мачадо, почина на 42-годишна возраст по компликации од операцијата на липосукција во Пињас, Бразил, пишува „Сан“ (The Sun). Шокираните обожаватели се збогуваа со пејачката на социјалните мрежи.

Позната во Бразил по нејзиниот хит „Eu sou da Amazonia“, Дани Ли во петокот била подложена на процедура која вклучувала липосукција на стомакот и грбот, како и намалување на градите. Пејачката итно била пренесена во болница во Куритиба, но и покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на компликациите и починала.

Веста ја потврди нејзиниот сопруг Марсело Мира, кој додаде дека биле многу потресени. Пејачката зад себе ги остави сопругот и седумгодишната ќерка. Точната причина за компликациите не е позната, а „Сан“ пишува дека таа потрошила 4.000 фунти за операцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот