Понуда на Лондонската берза се најде под истрага на антимонополските регулатори на ЕУ

Четиримесечната постапка започнала поради можна штета која овој договор би ја нанел на пазарот и на финансиските куќи.

Антимонополските регулатори на ЕУ отпочнаа истражна постапка за понуда на Лондонската берза за преземање на компанијата за финансиски податоци и аналитика, „Рефинитив“.

Четиримесечната постапка започнала поради можна штета која овој договор би ја нанел на пазарот и на финансиските куќи.

Европската комисија соопшти ека на 27. октомври поставила рок за донесување на одлука за оваа понуда, вредна 27 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

Претходно овој месец, британска агенција извести дека надлежен орган на ЕУ за заштита на пазарната конкуренција ќе покрене сеопфатна истрага по што Лондонската берза одбила при прелиминарната истражна постапка да понуди извесни отстапки.

45 отсто од сопственоста на „Рефинитив“ припаѓа на Томсон Ројтерс, компанија која исто така е сопственик на британската новинска агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот