Помалку од 60.000 мултимилионери контролираат поголем дел од светското богатство
Помалку од 60.000 мултимилионери, или 0,001 процент од светската популација, денес контролираат три пати повеќе богатство од половина од човештвото, стои во најновиот извештај објавен денес од Светската лабораторија за нееднаквост. Извештајот предупредува дека нееднаквоста е екстремна и постојана.
Препорачано
Извештајот „Светска нееднаквост 2026“, базиран на податоци собрани од 200 истражувачи, покажа дека 10 проценти од најбогатите заработуваат повеќе од другите 90 проценти заедно, додека најсиромашната половина поседува помалку од 10 проценти од вкупните глобални заработки. Во исто време, богатството е уште поконцентрирано и десет проценти од најбогатите луѓе во светот поседуваат 75 проценти од богатството, а долната половина од човештвото само два проценти, се наведува во извештајот и предупредува дека нееднаквоста во богатството брзо се зголемува низ целиот свет.
Исто така се вели дека нееднаквоста ја дефинира глобалната економија долго време, но дека во тековната година достигна ниво што бара итна акција. Извештајот ги посочува родовата нееднаквост, нееднаквоста на трошоците за образование, нееднаквата климатска одговорност, асиметријата на глобалниот финансиски систем и територијалните поделби што ги преобликуваат демократските политики- објави Н1.рс.


