Помалите компании во САД стравуваат дека заздравувањето од пандемијата ќе трае повеќе од една година

Повеќе од половина, се пријавиле за помош од државата за заштита на платите.

Според истражувањето што го направи компанијата „Вим“ повеќе од 80 отсто од малите и средни компании очекуваат влијанието од пандемијата врз бизнисот да се рефлектира и во наредните 12 до 16 месеци, а речиси 90 отсто од нив предвивуваат забавен раст.

Компанијата „Вим”, со седиште во Сан Франциско, која им помогна на илјадници мали претпријатија да аплицираат за кредити во рамки на итната државна програма за заштита на платите, вредна 660 милијарди американски долари, соопшти дека малите фирми работат забрзано за да се приспособат на променливата деловна клима.

Од 690 анкетирани фирми, 65 проценти се изјасниле дека тие се пријавиле за помош или планираат да го сторат тоа во блиска иднина, наведува „Вим” во својот прв извештај за атмосферата во малите и средните претпријатија во Соединетите Американски Држави.

Агенцијата за мало стопанство досега одобри повеќе од 2,5 милиони кредити во вкупна вредност од 536 милијарди американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот