Фото: Принтскрин

Положани: Наставниот кадар не е подготвен да се справи со предизвикот на онлајн предавање

Некогашниот министер за образование, Азис Положани, кој беше прв човек на МОН од 2002 до 2006 година, во разговор за Фокус вели дека поради ваквата состојба, најмногу штети ќе претрпи образовниот процес.

Поради пандемијата од коронавирусот, учебната година во Северна Македонија ќе започне онлајн. Учениците од прво до трето одделение наставата ќе ја следат со физичко присуство, додека пак останатите онлајн.

Ваквата одлука ги подели мислењата во јавноста, а сè уште не е познато кога точно ќе стартува учебната година.

Некогашниот министер за образование, Азис Положани, кој беше прв човек на МОН од 2002 до 2006 година, во разговор за Фокус вели дека поради ваквата состојба, најмногу штети ќе претрпи образовниот процес.

-Во дадените околности секаква одлука не е лесна. Имајќи го во предвид фактот дека оваа состојба не нè затекна сега, мислам дека било која одлука ако навремено и со аргументи се изанализира, врз основа на експертските предвидувања, верувам, дека ќе се најдеше не само побезбедна варијанта, туку и поприфатлива бидејќи ќе беше добро елаборирана и објаснета- смета Положани.

Како што вели тој, нашиот наставен кадар не е подготвен да се справи со предизвикот во ваква состојба на онлајн предавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот