Полна месечина во Девица на 18 март: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак

Фото: Pixabay

Полната месечина на 18 март во земјениот знак Девица, ќе истакне сè што треба да се исчисти од нашите срца. Енергијата на Девицата е аналитичка, организирана и фокусирана на благосостојбата – така што ова месечина е идеално време да го оставиме емоционалниот багаж и да се исчистиме од токсичните мисли или врски. Сè уште сме во чувствителната сезона на Риби, но енергијата на оваа полна месечина ја истакнува нашите одговорна страна и ни помага да видиме од што точно треба да се ослободиме.

Овен

Со оваа полна месечина ќе сакате да се уверите дека се грижите за себеси, вашиот распоред е добар и вашите приоритети се под контрола. Одвојте енергија за вашето здравје, оставајќи си доволно време за спиење, одмор и грижа за себе. Работата е важна, но не толку многу, што треба да ја жртвувате својата благосостојба. Почестете се со некое време за одмор.

Бик

Време е да ги пуштите вашите ограничувања. Оваа месечина ја разгорува вашата желба да се забавувате. Вашите хобиа и рекреативни активности заслужуваат да поминат малку време во центарот на вниманието, затоа предадете го срцето на вашите страсти и следете ја вашата возбуда. Уживањето во животот е секогаш правилно искористување на времето.

Близнаци

Оваа година почнето порано со пролетно чистење. Копајте низ фиоките, исчистете ги плакарите и соберете неколку кутии полни со работи што можете да ги донирате или подарите. Со ослободување на вашата физичка средина од нередот што го одвлекува вниманието, ќе можете посилно да ја фокусирате енергијата на вашите цели.

Полни џебови: За овие пет хороскопски знаци пролетта ќе донесе финансиска среќа

Рак

Вашиот социјален живот ќе биде засилен оваа полна месечина, затоа искористете ја прагматичната енергија на оваа месечина за да направите планови. Одговорете на старите мејлови, контактирајте со пријателите со кои сакавте да одложувате да испиете кафе и исчистете од вашиот живот сѐ што не е добро користење на времето.

Лав

Време е да се посветите на вашите финансии. Оваа полна месечина ги осветлува вашите тековни средства и навиките за трошење, па затоа е одлично време да ги прегледате вашите банкарски изводи и да ги проверите до каде сте. Со составување на пролетен буџет, ќе бидете подготвени да се забавувате и да уживате во летото, вашата сезона.

Девица

Бидејќи полната месечина се случува во вашиот знак, време е да го украдете центарот на вниманието. Прифатете ја вашата самодоверба и не плашете се да се придружите на животот. Луѓето ја увидуваат вашата автентичност и отвореност, па лесно ќе се издвоите од толпата и ќе оставите свој белег во светот.

Кои се најмудрите жени во Зодијакот?

Вага

По напорен месец со работа и други обврски, оваа полна месечина ќе ве инспирира да забавите и да се поврзете со вашата духовна страна. Наместо да излегувате или да работите прекувремено, поминувајте го времето со себе. Медитација, бањање со свеќи или ритуал на грижа за себе може да бидат особено корисни за вас.

Скорпија

Оваа полна месечина ја осветлува лојалноста на вашата екипа на луѓе и дали тие се навистина поврзани со вашите визии или ви се пречка на патот. Приклонете се кон врските што се усогласени со вашите автентични потреби и дистанцирајте се од какви било општествени кругови што ја намалуваат вашата креативност.

Стрелец

Оваа полна месечина означува врвна точка кога станува збор за вашата работа, затоа направете прецизни планови за вашите следни потези во кариерата. Иако обично претпочитате да бидете спонтани, магливото влијание на Нептун врз енергијата на оваа полна месечина е подобро прилагодено за создавање на осмислени планови.

Голем неделен хороскоп (14-20 март): Овните ќе се истакнуваат со својата храброст, Вагите треба да бидат разумни…

Јарец

Во последно време вниманието ви беше на ситните детали, но оваа полна месечина ви носи промена на перспектива. Повлечете се од вашата вообичаена рутина и погледнете го животот од птичја перспектива. Сега е време да направите прилагодувања во животот за да можете да ги постигнете вашите аспирации.

Водолија

Месецот е одличен за следење на вашите цели и поврзување со желбите. Но, оваа полна месечина ќе ве натера да станете малку поинтроспективни и да се запрашате, што се случува под површината? Дали има нешто што ве тежи или ве спречува да се бидете слободни? Сега е време да се исчистите од тајните и чувството на вина.

Риби

Оваа полна месечина сега го става акцентот на вашите врски. Ова е важно време за вас, да сфатите што сакате и очекувате од вашите партнерства. Посветувањето на нешто или некого е одлично, но само ако се усогласи со она што е во вашето срце. Не донесувајте романтични одлуки без добро да размислите.

Што треба, а што не треба да јаде секој хороскопски знак?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот