„Политико“ навреди 18 милиони граѓани – Поддршката на Јанша за проширувањето на Унијата ја нарече „балканизација“ на ЕУ

Словенечкиот премиер Јанез Јанша неодамна говорејќи за плановите и приоритетите на престојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ, јасно се заложи за враќање на агресивното проширување на ЕУ. Токму таквата отворена политика на ЕУ и овозможи на Словенија во 2004 година да влезе во европското друштво, и сега тој ќе се заложи прагот на Унијата да го преминат сите земји од Западен Балкан.

Неговите заложби го поттикна белгиски „Политико“ да објави текст со наслов „Словенецот Јанша ги опишува плановите за балканизација на ЕУ“ што предизвика лавина реакции на европската сцена.

Иако Јанша не кажа ништо посебно што досега веќе не е безброј пати повторено, но несреќно употребениот збор во насловот „балканизација“ одекна како буре барут. Многумина се најдоа навредени, а веднаш по насловот е потенцирано: „Подгответе се за балканизација на ЕУ – буквално“.

Угледниот „Политико“ беше остро критикуван на социјалните мрежи дека употребил термин кој е несоодветен, навредлив, лоша и дилетантска игра на зборови, нешто што ниту еден новинар не смее да ја користи.

-Не можам да одлучам што е полошо со овој дел – неговото ориентационо генерализирање или целосното незнаење, почнувајќи од основното кадрирање. Проширувањето на Западен Балкан веќе долга низа години стои во политиката на ЕУ, а да се третира настојувањето на Јанша за тоа како вест е едноставно глупаво, почна на Твитер да полемизија Тоби Војгел, експерт од невладиниот Совет за политика на демократизација до Брисел.

Кратко после оваа објава, тој веднаш „забрани“ употреба на спорниот термин.

– Нема да влегувам во цела расправа за „балканизација“ , но ниту еден репортер никогаш не би смеел да го користи тој израз, ниту буквално ниту на било кој начин. (Ако тоа буквално го сфатите, ЕУ е „балканизирана“ од 2007 година кога во ЕУ влезе Бугарија, па тоа е бесмислено“.

Меѓу критичарите на новинарот на „Политико“ кој се „дрзна“ да го употреби поимот „балканизирање“ беше и угледниот професор од Универзитетот во Грац Флоријан Бибер.

– „Да се „балканизира“ значи да се разбие на непријателски единици. Тоа е многу оптоварен израз кој всушност се користел за Централна Европа по Првата светска војна, а не за Балканот. Користејќи го за опишување на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, сугерира дека нешто не е во ред со тоа, оцени Бибер и додава:

-Во најдобар случај, тоа е лоша и неука јазичка игра на зборови, а во најлош случај испраќање на порака дека вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ е некако ризично за разбивање на ЕУ, дециден е Бибер.

Други аналитичари терминот „балканизација“ го сметаа за навреда на 18 милиони граѓани.

-Терминот „балканизација“ кој се користи во крајно негативен контекст е навредлив за 18 милиони граѓани кои сакаат, по 20 години чекање, конечно да се приклучат кон ЕУ, смета Срѓан Цвијиќ од Институтот Отворено општество и член на Советодавната група Балкан во Европа.

– Политички, терминот прими некој вид негативна конотација. А не е праведен кон државите од Западен Балкан, зошто стана синоним за нестабилност и фрагментации, смета аналитичарот и програмски директор Цесида Бојан Клачар.

Повеќето аналитичари сметаат дека под „балканизација“ се подразбира процес на националистичка фрагментација на географски и политички целини во некои нови, проблематични и несигурни државички. Се однесува на поделбата на Балканскиот полуостров, а терминот главно се смета за погрден.

-Непотребно е да се пренесува терминот и во европското опкружување само поради фактот дека Јанша ја искористил приликата да повика на посилна ЕУ интеграција на регионот, смета тој и додава дека неговата упореба е нечесна кон луѓето кои живеат на Западен Балкан, многу повеќе отколку кон оние кои се во ЕУ.

Како и да е, дали терминот е адекватен или не, останува отворено прашањето дали е можно тој план воопшто да се спроведе, без разлика на тоа кој го најавува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот