Полициска екипа интервенираше откако настана тепачка за Дуп-от во Трнодол (ВИДЕО)

Попладнево на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол, што се одржува во општинска зграда во Карпош, настана тепачка.

Среде презентацијата на ДУП-от, кој го спорат жителите на Трнодол се случи немил настан, новинарските екипи останаа надвор, а на местото пристигна и полициска екипа.

Дел од присутните  изразија незадоволство што Општина Карпош го форсира донесувањето на овој ДУП со кој се предвидува зголемување на урбанизацијата, изградба на три шесткатници кај каналот за спречувањее на поплави во Трнодол и изградба на индивидуални објекти високо на Водно.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на вчерашната прес-конференција информираше дека нема да се гради нова населба над Трнодол и дека соседната населба Жданец, воопшто не е опфатена со Деталниот урбанистички план (ДУП).

Претходно во соопштение, жители од населбата Трнодол најавија се подготвуваат за протести и неколку тужби кон Општината, градоначалникот, а можеби и кон општинските и градски советници.

Жители од населбата Трнодол бараат забрана и за какво било градење во парк шумата Водно – над нивните населби, враќање, односно поништување на контраверзниот регулациски план, прифаќање на нивните барања, па дури потоа да се отвара иницијатива за нов предлог ДУП.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот