Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Полицијата конечно фати измамник со лажна сообраќајна несреќа – ѝ зел 8.000 евра на пензионерка од Струшко

40-годишен жител на Охридско вчера е уапсен поради сомневање дека ја извел познатата измама со телефонски повик и приказна за лажна сообраќајна несреќа со 77-годишна жена од Струшко, од која успеал да земе 8.000 евра, соопшти МВР.

„На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал“, пишува во полицискиот билтен.

Против измамникот полицијата ќе поднесе кривична пријава .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот