Полицијата истражува: Кој ја украде цветната урна од гробот на Вивиен Вествуд?

Фото: EPA/ Facebook

Полицијата ја истражува кражбата на цветната урна од гробот на Вивиен Вествуд, неодамна починатата славна модна дизајнерка, пишува „Би-би-си“.

Легендарната креаторка почина во декември минатата година. Таа беше погребана во родното село, каде цвеќарката Ања Норис била задолжена да се грижи за гробот на барање на семејството на Вествуд.

Фото: Facebook/ Norris Floristry

Цвеќарката Норис, која води бизнис во блискиот град Глосоп била избрана да ги дизајнира и направи цветните додатоци на гробот. А, кога дознала за кражбата на цветната урна, била шокирана што некој успеал да ја земе, бидејќи се работи за многу тешка урна.

Фото: Instagram/ Norris Floristry

„Тоа е големо непочитување, се надевам дека ќе ја вратат“, изјавила Норис за „Би-Би-Си“.

Полицијата во Дербишир соопштила дека, полицајците биле повикани на пријава за кражба на 28 мај во Чапел Броу, веднаш по 18:20 часот. Тие апелираат да бидат контактирани од секој што забележал некакви сомнителни дејствија во оваа област помеѓу 21 мај и 28 мај.

Фото: EPA/Marcel Mettelsiefen

Инаку, Вивиен Вествуд е родена во селото во 1941 година, а во 1958 година се преселила во Лондон. Таа е една од најпрепознатливите британски модни дизајнерки и голем еколошки активист, која водеше кампањи за прашања како што се, експлоатацијата на нафта, климатските промени, нуклеарното оружје и лошото влијание на т.н. брза мода.

На меморијалната церемонија во катедралата Саутворк во Лондон, во февруари, присуствуваа многу познати личности, а многумина од нив ги поклонија нејзините дела во знак на почит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот