Фото: pexels-isabella-mendes

Полицијата апсеше пијани возачи низ цела Македонија

Лишени од слобода се возачи во Кочани, Делчево, Кичево, Битола и Куманово кои управувале возила под дејство на алкохол. Еден од нив предизвикал и сообраќајна незгода.

Вчера во 20 часот и 56 минути полицајци од Кочани го лишија од слобода 28-годишниот А.Б. од село Грдовци, Кочанско. Претходно, тој со патничко возило БМВ, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот М.К. од село Чифлик, Кочанско, а при преземање мерки е констатирано дека А.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта.

Ноќеска во 1 часот и 30 минути по полноќ на улицата „Кеј на Брегалница“ во Делчево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С. (36) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,36 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 30.12.2025 во 16:37 часот на експресниот пат Кочани-Штип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.А.(48) од с.Трсино, Виничко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,04 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 31.12.2025 во 04:00 часот на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 30.12.2025 во 23:17 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ф.(33) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 31.12.2025 во 01:42 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.М.(54) од с.Брусник, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 31.12.2025 во 03:45 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.А.(29) од с.Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

На 30.12.2025 во 23:30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Т.Д.(57) и Ф.Д.(60), двајцата од Штип и О.С.(39) од Струга. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,04 промили алкохол во крвта. При обид да го лишат од слобода, неговите сопатници О.С.(39) од Струга и Ф.Д.(60) од Штип, агресивно се однесувале и ги попречувале полициски службеници, по што и тие се лишени од слобода.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот