Полицајци биле дома кај убиецот од Хамбург за да го проверат, не им се видел како ментално растроен

35-годишниот Германец Филип. Ф., кој вчера уби шестмина луѓе и неродено дете во центар на Јеховините сведоци во германскиот град Хамбург, бил пријавен како ментално нестабилен од непознато лице пред неколку месеци, но полицијата не нашла индиции што би биле доволни да му го одземе оружјето, пишуваат германските медиуми.

Убиецот, кој е поранешен член на Јеховините сведоци, го извршил масакрот пукајќи низ прозор во луѓето кои се наоѓале во црквата, по што избегал од полицијата на првиот кат на зграда во близина, каде се самоубил.

Меѓу жртвите се четири мажи, две жени и неродено бебе. Според непотврдени информации, убиецот ѝ пукал во стомакот на мајката на бебето, која била во седми месец од бременоста. Таа го преживеала грозоморниот напад.

Властите сѐ уште не знаат кој бил мотивот на убиецот. Шефот на хамбуршката полиција изјави дека е можно тој да боледувал од ментална болест.

За Филип Ф. немало никакви наводи дека е насилен. Тој работел како банкарски службеник, а пред околу година и пол ја напуштил црквата на Јеховините сведоци, и тоа во кавга. Медиумите пишуваат дека убиецот можел да биде спречен, бидејќи пред два месеца полицијата добила анонимна дојава дека Филип. Ф. е непресметлив, ментално нестабилен и дека треба да му се одземе оружјето, бидејќи бил полн со гнев кон црквата, верниците и поранешниот работодавач.

Дојавата е добиена во јануари годинава, но по проверката извршена минатиот месец, полицијата утврдила дека нема причини за грижа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот