Полицаец од СВР Тетово лажирал документ за да му наштети на обвинет во суд

Полицаец од СВР Тетово е пријавен за кривично дело фалсификување службена исправа, откако изготвил лажен запис за достапност на човек, го злоупотребил потписот на раководителот и документот го предал директно на адвокат, кој подоцна го употребил како доказ во судска постапка пред Основен суд Тетово.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО ГОКК против полицискиот службеник Д.М. од СВР Тетово поднесе кривична пријава за кривично дело ‘фалсификување службена исправа’ по член 361 од КЗ. Пријавениот во текот на јуни 2019 година, постапувајќи по барање од адвокат од Тетово, изготвил службен спис за достапност на лице со невистинита содржина, без притоа да се извршат проверки за достапност на лицето на терен. На така изготвениот спис со невистинита содржина, со цел да го озваничи, го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број, го заверил со службен печат и така изготвен го предал на рака на адвокатот од Тетово, спротивно на утврдените процедури за канцелариско и архивско работење. Списот бил употребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ на штета на лице од Тетово,“ соопшти полицијата.

Полицаец и шумар „замижале“ и не спречиле пустошење на шуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот