Полета првиот кинески патнички авион од домашно производство

Авион илустрација/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Првиот кинески патнички авион од домашно производство денеска го направи својот прв комерцијален лет, означувајќи пресвртница во повеќедецениските напори на земјата да се натпреварува со западните ривали во воздухот. Пекинг се надева дека комерцијалниот авион C919 ќе биде достоен ривал на странските модели како што се Боинг 737 Макс и Ербас А320, иако многу од неговите делови доаѓаат од странство. Првиот домашен авион во Кина со масовен комерцијален потенцијал, исто така, ќе ја намали зависноста на земјата од странска технологија во време кога врските со Западот се влошуваат, објави Кликс.ба.

„Во иднина, повеќето патници ќе можат да изберат да патуваат со големи авиони од домашно производство“, објави кинеската државна телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот