Пола италијанска лига во штрајк поради новиот протокол!?

фото: твитер

– Со вакви правила не сме во состојба нормално да одржуваме тренинг – вели директорот на Интер, Марота.

Со договорот меѓу Владата и Фудбалската асоцијација на Италија беше сменет протоколот и сега доколку само еден член во некој од клубовите се зарази со коронавирусот, целата екипа мора да биде во карантин.

Оваа промена веднаш беше објавена пред јавноста, а девет клубови се против ваквата одлука. Тие се Интер, Милан, Наполи, Фиорентина, Каљари, Верона, Сампдорија, Аталанта и Џенова, кои најавија штрајк.

Не би сакал да се прават контроверзии, но со вакви правила не сме во состојба нормално да одржуваме тренинг. Бараме да се избрише оваа промена или немаме алтернатива – рече директорот на Интер, Бепе Марота.

Асоцијацијата на играчите и агентите се исто така против изменетиот протокол, па останува да се види како ќе се реши ситуацијата во Италија во наредните денови.

Врвните фудбалски клубови на Апенините, чии играчи веќе започнаа со индивидуални тренинзи, добија дозвола да започнат и со првите групни тренинзи од 18 мај, но веќе најавија дека нема да има ништо од тоа, освен доколку медицинскиот протокол не се смени до тогаш.

Во Серија А до прекинот на шампионатот водеше Јувентус со 63 бодови, еден повеќе од второпласираниот Лацио, а останаа да се одиграат уште 12 кола до крајот на оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот