Покрената постапка против повозрасниот арачиновец кој се закани дека ќе го убие градоначалникот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 69-годишен арачиновец кој се сомничи за „насилство“ врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими.

– Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, забрана за посетување на службените простории на Општина Арачиново, како и забрана за приближување или воспоставување контакти со градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот