Погребот на Џина Лолобриџида: Улиците во Рим преплавени со обожаватели, меѓу нив и неутешниот поранешен сопруг

Фото: Инстаграм

Италијанската филмска дива Џина Лолобриџида почина во понеделникот на 16 јануари, на 95-годишна возраст. Во средата обожавателите и семејството се простија од неа во градското собрание во Рим, а денеска се одржа и последното испаќање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matteo Tuveri (@matuveri)


Погребот на славната актерка започна во 12:30 часот во црквата на уметниците на Пјаца дел Пополо во Рим.

На погребот присуствуваа членовите на семејството, пријателите и неутешниот поранешен сопруг Франциско Хавиер Ригау.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Corriere Roma (@corriere_roma)


Пред две недели филмската дива беше итно хоспитализирана поради фрактура на бутната коска при пад во нејзиниот дом во Рим, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата адвокатот на актерката, Антонио Ингро.

Дека Џина оставила голема трага на италијанската актерска сцена можеше да се види по бројот на обожаватели кои дојдоа да ѝ оддадат почит и последен пат да се простат од омилената актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agenzia Vista (@agenziavista)


Џина се прослави во 50-тите години на минатиот век како секс симбол, а глумеше и во многу европски и американски филмови како што се „Ѕвонарот на Нотр Дам“, „Римјанка“, „Трапез“, „Кучешки живот“, „Надмудри го ѓаволот“, „Империјал Венера“, „Убава, но опасна“…

Фото: Профимедиа

Некои од нејзините филмски партнери беа Френк Синатра, Хемфри Богарт, Стив Меквин, Барт Ланкастер, Рок Хадсон и Шон Конери. На врвот на својата слава, таа беше позната како најубавата жена на светот. Таа го доби прекарот „Ла Лоло“ бидејќи го отелотвори прототипот на италијанската убавина. Легендарната актерка по успешната кариера во Холивуд, се вратила во Италија и само повремено се појавувала на филм и телевизија.

ВИДЕО | „Нѐ прими со многу топлина“: Џина Лолобриџида се запознала со Јосип Броз Тито во 1973 година

Почина италијанската филмска дива Џина Лолобриџида

Животната приказна на Џина Лолобриџида: Италијанката на која убавината ѝ беше проклетство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот