Почина италијанската филмска дива Џина Лолобриџида

Фото: Профимедиа

Италијанската актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, пренесува Ројтерс.

Пред две недели филмската дива беше итно хоспитализирана поради фрактура на бутната коска при пад во нејзиниот дом во Рим, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата адвокатот на актерката, Антонио Ингро.

Фото: Профимедиа

Лолобриџида беше светски секс симбол на 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Родена е на 4 јули 1927 година во едно мало место оддалечено 50-тина километри од Рим.На 20 години се појави на натпреварот за Мис на Италија, а публиката беше воодушевена од нејзината убавина.

Иако го освои третото место, нејзината убавина и обезбеди многубројни понуди од филмските режисери кои сакаат да ја видат во своите филмови. Првата улога ја имаше во филмот „Црн Орел“ од 1946 година, а после тоа и се отворија вратите на филмската индустрија.

Џина со синот Милош/Фото: Профимедиа

Во август минатата година, Лолобриџида се кандидираше за сенатор на претстојните национални избори на крајот на септември. Таа беше номинирана од предизборната листа „Суверена и народна Италија“, која ја поддржуваат Комунистичката партија, Социјалистичката партија, движењето „Граѓанска акција“, „Сè уште е Италија“ и „Да се ​​врати Италија“.

Фото: Профимедиа

Лолобриџида, која ја напушти седмата уметност пред околу 30 години, учествуваше во 1999 годинa, на изборите за Европскиот парламент, но не беше избрана, бидејќи имаше едвај 10.000 гласови.

Повеќе на темата:

95-годишната актерка Џина Лолобриџида хоспитализирана поради повреда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот