95-годишната актерка Џина Лолобриџида хоспитализирана поради повреда

Фото: Профимедиа

Италијанската актерка Џина Лолобриџида е итно хоспитализирана поради фрактура на бутната коска, добиена како резултат на пад во нејзиниот дом во Рим, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на адвокатот на филмската дива, Антонио Ингро.

Фото: Профимедиа

Во моментов состојбата на филмската ѕвезда, која во јули наполни 95 години, не предизвикува сериозна загриженост. Најверојатно актерката ќе биде подложена на оперативен зафат, согласно сериозноста на повредата.

Џина со синот Милош/Фото: Профимедиа

Во август, Лолобриџида се кандидираше за сенатор на претстојните национални избори на крајот на септември. Таа беше номинирана од предизборната листа „Суверена и народна Италија“, која ја поддржуваат Комунистичката партија, Социјалистичката партија, движењето „Граѓанска акција“, „Сè уште е Италија“ и „Да се ​​врати Италија“.

Фото: Профимедиа

Лолобриџида, која ја напушти седмата уметност пред околу 30 години, учествуваше во 1999 годинa, на изборите за Европскиот парламент, но не беше избрана, бидејќи имаше едвај 10.000 гласови.

Џина Лолобриџида ќе се кандидира за сенатор во италијанскиот парламент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот