Поголем дел од јавните паркиралишта низ Скопје ќе бидат бесплатни за 1 Мај, но има исклучоци
Поголем дел од зонските паркинзи на ЈП „Градски паркинг“ и ЈП „ПОЦ“ утре, по повод празникот 1 Мај, Меѓународен ден на трудот, ќе бидат бесплатни за граѓаните, информираа од претпријатијата.
Препорачано
Од ЈП „Градски паркинг“ додадоа дека освен зонските, нема да се наплаќа паркирањето и на паркинзите „Зоил“ и „8 Септември“.
Сепак, за 1 Мај редовна наплата ќе има на паркингот на Водно, паркиралиштата „Кочо Рацин“, „Народен фронт“, „Нова Македонија“, „АМСМ“, „Треска“, потоа на катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на паркинзите кај Градска болница и кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Исклучок од бесплатното паркирање во Центар, пак, се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим, информираа од ЈП „ПОЦ“.
Оттаму додадоа дека веќе од сабота, редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи со вообичаено работно време.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


