Погледнете го „Тиркиз“ – новиот спот на музичката група „Баклава“ (ВИДЕО)

По успешната концертна промоција на новиот албум, која се случи во петокот во МКЦ, групата Баклава го презентира новото музичко видео за песната „Тиркиз“.

Видеото е изработено од продукцијата на „091“, а режијата е на Јана Мишо. Шминката ја направи Ирена Сенокозлиоска. Музиката е на Елена Христова, вокалистка на „Баклава“, а текстот на Сибо.

– Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на драгиот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното крајбрежје на југот. Стиховите се претежно на македонски јазик, но има и по некоја строфа и на турски…Описно овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13те бои од албумот, велат од „Баклава“.

Следуваат настапи за промоција на новиот звук на „Баклава“, а од поважните настапи е учеството на овогодинешниот Оффест, во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот