Поглаварот на Грчката православна црква за прашањето за бракот на хомосексуалците е воздржан

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

За предлог-законот за истополовите бракови во Грција, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос вели дека прво потребно е да ја види содржината на законот, а потоа да излезе со став, јави дописничката на МИА од Атина.

Архиепископот Јеронимос утрово се сретна со лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, што воедно беше и нивна прва средба, а и двајцата рекоа дека била средба за запознавање на која размениле мислења за различни теми.

„Во однос на прашањето за кое некои сакаат одговор во врска со бракот на хомосексуалците, го задржувам правото да кажам дека сум воздржан, но и господинот Каселакис и јас рековме дека потребно е да го видиме законот, да имаме некој текст за проучување. а потоа да ќе видиме“, рече Јеронимос по средбата.

Истополовите бракови во изминатиот период се главна тема во Грција, откако грчкиот премиер најава дека ќе биде донесен предлог-закон, кој веќе предизвикува реакции кај пратеници од владејачката партија, додека пак од СИРИЗА најавија дека ќе го поддржат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот