Плакат за настанот „Отскочна даска #5“

Поетското читање „Отскочна даска #5“ е преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“

Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“.

На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите.

Имињата на избраните 12-мина (по азбучен ред) се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Милена Неделковска, Деспина Сиљаноска, Елена Соколоска, Бојана Спасовска, Кире Џотов, Ива Шајноска и Ели Шапкарова.

Настанот ќе се одржи на 3 април, а самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 7 мај, заедно со другите учесници во официјалната програма.

Дополнително, со избраните поети ќе се одржи и работилница за уредување на песните, што пред почетокот на фестивалот ќе бидат објавени во посебно издание, заедно со песните на сите досегашни учесници на минатите изданија на „Отскочна даска“.

– Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката – велат организаторите.

„Скопскиот поетски фестивал“, чиешто шесто издание ќе се одржи во периодот од 7 до 9 мај, е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот