„Подобро за Тетово“ со долгорочен проект за отстранување на кучињата скитници од градските улици

фото Архива

Иницијативата „Подобро за Тетово“ и нејзините советници во Советот на општина Тетово работат на предлагање на долгорочен проект за отстранување на кучињата скитници од градските улици.

– Со оглед на сериозноста на ова прашање, работиме на тоа да предложиме долгорочно решение, а не привремено, кое потоа ќе го доставиме до Советот за да го разгледа и заеднички да одлучиме за текот на истото. Општина Тетово веќе има детален план за работа по ова прашање, но за жал со помал буџет во однос на лани. Како што сме информирани како советници, потребно е регионално решение, бидејќи локалните се докажа дека не биле доволно успешни. Дефинитивно недостасуваше соодветна стратегија за работа бидејќи овој проблем не е сериозно адресиран, без да се има грижа да се почитуват постоечкиот закон, изјави за „Слободен печат“ Елмедина Абдулахи општинскиот советник во општина Тетово од иницијативата. „Подобро за Тетово“.

Несомнено, додава таа, ние како советници ќе ги следиме сите фази на реализација на планот што го подготви Општината и за тоа ќе ја информираме јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот