Поднесено обвинение против Драги Рашковски

Колаж: Вилма Русковска и Драги Рашковски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Обвинителството за организиран криминал и корупција во петокот го поднесе обвинението против поранешниот Генерален секретар во Владата, Драги Рашковски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), со кое раководи Вилма Русковска, до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери. Ваквиот развој на настаните обвинителката Русковска го најави на 21 септември, кога објави дека се завршени вештачењата и дека истрагата, во која беа споени два предмета, влегува во завршна фаза со испрашување на осомничените. Рашковски го дочекува обвинителниот акт во домашен притвор, иако Обвинителството повеќепати бараше тој да се врати во затворски притвор.

Ова доаѓа по отворената истрага за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци кој никогаш не бил искористен, но и за биометриска идентификација на гласачи, за што постоеја сомнежи дека е негов личен изум.

Тој во моментов ја издржува мерката притвор, а скандалите поврзани со него кулминираа кога беше фотографиран како слободно шета надвор, за подоцна да стигне обрразложение од судот дека бил пуштен на лекарски преглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот