Поднесено барање за вонредно собрание на Карате федерацијата

иницијаторите поднесоа барање за свикување вонредно Собрание на Карате федерацијата на Македонија

Со потписи од 30 клубови, иницијаторите вчера поднесоа барање за свикување вонредно Собрание на Карате федерацијата на Македонија на кое ќе се гласа за доверба на раководството предводено од претседателот Петар Белистојаноски.

Барањето за свикување на вонредно Собрание на КФМ го поднесоа Елвир Куртановиќ и Горан Алексовски откако ја добија поддршката од речиси сите најквалитетни и најдобри карате клубови во Македонија.

– Спортската јавност во последно време ги следи реакциите на истакнати поединци и клубови во карате спортот кои се незадоволни од актуелното раководство во карате федерацијата на Република Северна Македонија. Од реагирањата може да се издвојат заклучоци каде се посочува на негативната селекција на раководството што е и главната причина за сите проблеми. Овие незадоволства веќе ги охрабрија и повеќе клубови да го ослободат внатрешниот револт од наталожените проблеми и незадоволства па иницијатаивата доби на масовност и барање за одржување на Вонредно изборно собрание. На 26.09.2022 година во канцеларијата на КФРСМ, иницијаторите поднесоа Иницијатива за одржување на Вонредно собрание , во која ги наведуваат причините како и законските и статутарните регулативи кои се услов за Претседателот да го закаже и одржи Вонредното собрание во рок од 30 дена од денот на поднесување. Незадоволствата се големи и секојдневни што не остава простор за било какво одложување, веруваме дека Вонредното собрание ќе помине во најдобар можен ред со оглед на фактот дека бројката на клубови е во корист на иницијативата која на собранието ќе ја потврдат, а мал број клубови и поединци се за подршка на актуелното раководство, односно само оние кои го создадоа овој хаос што го направија со цел да имаат лична корист, а ова што го тврдиме набргу и ке го докажеме – пишува во соопштението за Иницијаторите за одржување на вонредно собрание на КФМ .

Раководството на КФМ има рок од 30 дена да го закаже Собранието, а доколку не го стори тоа, тогаш Иницијативниот одбор ќе го свика и ќе го одржи истото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот