Подготвуваат 100 милијарди евра: Макрон го најави новиот план за опоравување

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

Втората економска сила во Европа се подготвува за нов удар на корона кризата врз економијата во земјата, вработеноста но и врз капиталот.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави донесување на национален план за опоравување од корона кризата вреден најмалку 100 милијарди евра.

Тој, како што пренесе порталот „Еурактив“, навел дека во светот се очекува масовно зголемување на невработеноста, кое според проценките би зафатило од 800 илјади до милион работници. Националниот план за опоравување ќе вклучи и долгорочна програма за парцијално работно време што би ја чинело државата околу 30 милијарди евра.

– Подобро да се намалат платите отколку работните места, но уцени нема да има. Се надевам дека вработените кои ќе го прифатат ваквото одрекување, еден ден кога работите ќе тргнат на подобро, ќе бидат адекватно наградени за својот придонес. И акционерите, исто така, мора да се жртвуваат во поглед на своите дивиденди, истакнал францускиот претседател за време на одбележувањето на вчерашниот празник – Денот на Бастиља.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот