Под „лупа“ сите идни крипто трансакции над 1.000 евра

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Крипто-индустријата и регулаторите со години се гледаат „низ нишан“, но на тоа му доаѓа крајот.

Со незапирливото влегување во „мејнстримот“ каде криптовалутите може да се купат во продавници или разновидни инвестициски портфолија по совет на приватен банкар, на регулаторите им стана јасно дека крипто нема да исчезне, но неопходни се построги правила на играта.

Индустријата, од друга страна, сфаќа дека го достигнала нивото да прифати некои ограничувања кои долго време важат за класичните финансии; од спречување на перење пари, проценка на ризик до заштита на потрошувачите.

Инаку, на крајот на годината, Европскиот парламент треба да усвои сеопфатна правна рамка фокусирана на Регулативата за пазарите на крипто средства, попозната како МИЦА, чија целосна примена во земјите-членки започнува по 18 месеци. Во иднина, сите крипто трансакции над 1.000 евра ќе бидат предмет на длабинска анализа, што разбирливо води до незадоволство на инвеститорите навикнати на анонимност со години.

„Кој мислеше дека инвестирањето во крипто-средства обезбедува апсолутна анонимност, згреши“, вели адвокатот Влахо Хрдало, претседател на Здружение за блокчејн и криптовалути, објави ХИНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот