фото: ffm.mk

Почнува неизвесна трка за шампионската титула во Втората фудбалска лига

В сабота (23 август) од 17.00 часот, со натпреварите од првото коло започнува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Предвидувањата се дека натпреварувачката сезона 2025/26 ќе биде една од најнеизвесните. Веќе од следната сезона, Втора МФЛ ќе брои две екипи помалку, а променет е и системот на преселба во повисок и понизок ранг.

Оваа сезона само првакот влегува во елитното фудбалско друштво во Македонија. Второ и третопласираните екипи ќе играат бараж за влез во Прва МФЛ. Лигата директно ја напуштаат четири последно пласирани тимови, а екипите од деветтото до 11 место играат бараж за опстанок во Втора МФЛ со прваците од Третите лиги.

Се очекува дека штипска Брегалница е најголем фаворит за првото место, во кругот екипи кои ќе се борат за промоција во Прва МФЛ се Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица, но и сите останати сигурно имаат амбиција за што е можно повисок пласман, но и да се избегне преселба во понизок ранг.

Сите натпревари ќе се емитуваат во директен пренос на YouTube платформата на ФФМ.

Распоред на натпревари, 1. коло, Втора МФЛ, 23. август, 17.00 часот:

Вардар Неготино – Тетекс

Брегалница 2008 – Кожуф

Новаци – Победа

Каменица САСА – Осогово

Преспа – Шкендија Арачиново 77

Охрид Лихнидос – Беласица

Скопје – Слога 1934

Големо Коњари – Детонит Плачковица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот