Почнува Филмскиот фестивал во Кан, го отвора повратничкиот филм на Џони Деп

Фото: Facebook/ Profimedia

Денес започнува 76-от Кански филмски фестивал, а жирито предводено од Рубен Остлунд, ќе има тешка задача да ја додели главната награда за најдобар филм.

Официјалната селекција оваа година е исполнета со големи имиња, вклучувајќи го поранешниот двоен добитник на „Златна палма“, Кен Лоуч, како и Вим Вендерс, Нани МоретиНури Билге Џејлан и Хироказу Коре-еда. Конкуренцијата е голема, а меѓу познатите имиња и се Вес Андерсон со неговиот нов филм „Asteroid City“, како и Тод Хејнс со филмот „May December“.

На црвениот тепих се очекуваат да се појават имиња како Џони Деп, Леонардо ди Каприо и Роберт ДеНиро, Харисон Форд, Мадс Микелсен и Фиби Волер-Бриџ, Џуд Ло и Алиша Викандер, Том Хенкс, Скарлет Јохансон, Маргот Роби, Едвард Нортон, Маја Хок и многу други. Исто така, актерот Мајкл Даглас ќе присуствува на фестивалот, за да ја прими неговата почесна „Златна палма“.

По, свечената церемонија на отворањето ќе следи проекцијата на првиот филм, „Jeanne du Barry“ од Мајвен. Истиот ден филмот ќе биде прикажан во кината во Франција.

Фестивалот ја избра Кјара Мастројани, ќерката на Катрин Денев и италијанскиот актер Марчело Мастројани, за официјално да го отвори и затвори настанот на 27 мај.

Џони Деп се враќа на голема врата: Неговиот филм ќе го отвори Канскиот филмски фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот