Почнаа проблемите, две екипи се повлекуваат од Суперлигата?!

Минатата сезона во финалето на ЛШ Челси го совлада Манчестер сити/Фото: EPA-EFE/Ian Walton

Нови изненадувачки информации доаѓаат од Англија.

Манчестер сити и Челси, двете англиски екипи кои последни се вклучија во проектот европска Суперлига, размислуваат да се откажат од новото натпреварување, пишува „Гардијан“.
Причината за ваквото размислување на челниците на двата англиски премиерлигаши е негативната реакција на навивачите и јавноста, но и притисокот од англиската влада и фудбалската федерација на Англија.

Според „Гардијан“, и Сити и Челси неволно се приклучиле на Суперлигата, нивниот мотив не биле парите туку можноста да играат против најдобрите екипи во затворено натпреварување.
Но, откако речиси германски екипи (Баерн Минхен, Борудија Дортмунд, Лајпциг дури била повикана и Борусија Менхенгладбах) како и францускиот ПСЖ, одбија да се приклучат на Суперлига, сега Сити и Челси размислуваат да се откажат од новото натпреварување, пишува англискиот весник.

Ваквите написи доаѓаат кога УЕФА но и ФИФА го заострија тонот кон 12 клубови кои ја формираа Суперлигата, и најавија исфрлање на екипите од Лигата на шампионите. Токму во полуфиналето на ЛШ треба да играат и Сити и Челси, „граѓаните“ против ПСЖ, а „сините“ против Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот