Почина унгарскиот аниматор Марсел Јанковиќ, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“

инстаграм принтскрин јутјуб принтскрин

Славниот унгарски аниматор, сценарист и режисер Марсел Јанковиќ, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“, почина во саботата на 79-годишна возраст.

Унгарската академија на уметностите, чиј почесен претседател беше Јанковиќ, ја објави веста за неговата смрт нарекувајќи го „визуелен уметник и јавна личност, експерт за бајки со исклучително разновидно широко дело“.

Неговиот опус останува важен дел од унгарската култура“, се вели во соопштението до јавонста. Јанковиќ е роден во 1941 година во Будимпешта. Откако му било забрането да се запише на Архитектонскиот факултет од политички причини, се вработил во фабрика, а наскоро и во филмската компанија „Панонија“, каде во 1965 година стана директор на анимација.

 

Во 1974 година, унгарскиот аниматор беше номиниран за Оскар за краткиот филм „Сизиф“, а во 1977 година беше награден со „Златна палма“ во Кан за филмот „Борци“. Награден е и на фестивали во Бејрут, Солун, Анеси, Загреб и други.

Унгарската академија истакна дека Јанковиќ соработувал со членови на златното доба на унгарската анимација, како Јозеф Неп и Атила Даргај, со кои работел на култниот петминутен цртан филм за возрасни „Густав“.

Јанковиќ работеше и на екранизации на познати унгарски бајки и драми. Тој беше најважниот претставник на модерната унгарска анимација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот