Почина тапанарот Лес Бинкс, беше член на култниот бенд „Џудас прист“
Музичкиот свет се прости од Лес Бинкс, познатиот тапанар кој остави неизбришлива трага во историјата на хеви металот како член на култниот британски бенд „Џудас прист“.
Препорачано
Бинкс почина на 73-годишна возраст, а веста за неговата смрт, иако се случила на 15 март, бендот официјално ја сподели дури сега.
Неговите колеги се простија од него со потресни зборови:
„Длабоко сме тажни поради смртта на Лес и ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, пријателите и обожавателите. Неговиот познато свирење на тапани беше извонредно, покажувајќи ги неговите уникатни техники, чувство, стил и прецизност. Ти благодариме, Лес. Твоето наследство ќе живее вечно“, се вели во соопштението на бендот.
View this post on Instagram
Неговата вештина зад тапаните и неговиот придонес во албумите како „Stained Class“ и „Killing Machine“ остави длабоко влијание врз жанрот и инспирираше генерации музичари. Легендарниот тапанар беше вклучен во „Rock and Roll Hall of Fame“ како член на споменатиот хеви метал бенд. Тој настапи на таа церемонија во 2022 година. Тоа беше негов прв настап со бендот по 43 години.


