Шон и Патрик Свејзи - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Почина Шон Свејзи, братот на легендарниот актер Патрик Свејзи

Шон Свејзи, помладиот брат на легендарниот американски актер Патрик Свејзи, почина на 63 години. Информацијата ја потврди неговиот син Џеси.

Во изјава за „ТМЗ“, Џеси наведе дека Шон Свејзи починал на 15 декември. Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес утврди дека причината за смртта била акутно крварење од горниот гастроинтестинален тракт и цироза на црниот дроб.

Неговата роднина Рејчел Леон се огласи на социјалните мрежи по тажната вест. Таа меѓу другото наведе дека планирала да го посети во Тексас.

„Нашите мисли и молитви се со неговиот брат Дон Свејзи и со неговите деца Кеси Свејзи, Кајл Свејзи и Џеси Свејзи. Се молиме за целото семејство во овој тежок момент. Знајте дека ве сакаме и дека секогаш сме тука за вас“, порача таа.

Шон Свејзи почина 16 години по смртта на неговиот славен постар брат, кој почина од рак на панкреасот на 57 години. Патрик Свејзи, кој во јануари 2008 година доби дијагноза рак на панкреас во четврта фаза, јавно зборуваше за својата борба со смртоносната болест во разговор со Барбара Валтерс непосредно пред смртта.

„Би рекол дека пет години е прилично празна желба. Две години изгледаат возможни ако се водите според статистиката. Сакам да издржам додека не најдат лек“, изјави тој почетокот на 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот