Бујар Букоши/Фото: Скриншот

Почина поранешниот косовски премиер Бујар Букоши

Поранешниот косовски премиер во егзил, Бујар Букоши, почина на 78-годишна возраст.

Бујар Букоши страдал од сериозна здравствена состојба. Роден е на 13 мај 1947 година во Сува Река.

Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград. По враќањето во Косово, работел како лекар во Сува Река.

Букоши е еден од основачите на Демократската лига на Косово. Тој беше и заменик-премиер на Косово во вториот кабинет на Тачи од 2011 до 2014 година.

Бујар Букоши беше премиер на Привремената влада на Косово во егзил од 1991 до 2000 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот