Почина писателот Разме Кумбароски

Разме Кумбароски / Фото: Фејсбук, Бистра Кумбароска

Како последица на заразата од ковид-19 синоќа почина писателот Разме Кумбароски, поет, романсиер, есеист, критичар, преведувач, антологичар.

Роден е на 29 март 1944 година во Струга. Член на ДПМ од 1987 година.

Автор е на збирките поезија: Зинда (1982), Воден премин (1984), Мусандра (1988), Манастир (1994), Троја (1998), Потковица и зла месечина (2003), Сон на летната ноќ (2007), Стаклена планина (2013); романите: Мириси кораби злато (1999), Чудесија (2002), Остров на тивките меандри (2006), Архипелаг (2010) и есеистичко-критичките книги: Минатата година во Енхалон (2011), По патот (2007, библиографско издание, песни и есеи). Автор е или коавтор на панорамските избори: Поетите од Струга (2002, избор, поезија – СВП), Миладиновци, (2005), Меандар (2013).

Кумбароски бил секретар и директор на светски познатата манифестација Струшки вечери на поезијата, основач и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци”- Струга и на Меѓународната литературна манифестација Година на есејот.

Погребот ќе се изврши во сабота, 13 ноември, во кругот на најблиското семејство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот