Мирчо Чуков
Мирчо Чуков / Фото: Фејсбук, „Струмица онлајн“

Почина ненадејно среде настап: Тажната приказна на Мирче од групата „Интервали“

Музичката јавност беше во шок кога во април во 2022 година, на 67-годишна возраст ненадејно почина вокалистот и клавијатурист на групата „Интервали“, Мирчо Чуков. Многу пријателите и колелеги од музичкиот свет се простија од него на социјалните мрежи.

Мирчe Чуков од Ново Село, или струмичанецот познат во јавноста како Мирче од ,,Интервали” почина ненадејно пред четири години, на 64-годишна возраст, само неколку месеци откако се пензионирал, објави „Викимедија“.

Заедно со неговата сопруга Снежана – Жане повеќе од три децении настапуваа како ,,Интервали”, а последниот настап не успеа да го заврши. Според тогаш достапните информации, му се слошило на сцената и веднаш бил пренесен во болницата во Гевгелија, каде лекарите констатирале дека доживеал разорен инфаркт.

Групата ,,Интервали” беше формирана во далечната 1974 година, а Мирче и Жане и се приклучиле во 1982 година. Две години потоа, ја направиле првата снимка за продукцијата РТ Скопје за песната ,,Венчавка”. Во 1987 година стекнаа голема популарност со хитот ,,Дај поведи ме” со кој победија на фестивалот ,,ТВ Спот Фест”.

Два пати учествуваа на југословенскиот избор на песна за Евровизија, а првиот албум го издадоа во 1991 година. Во 2009 година пак, Мирче издаде соло албум со традиционални македонски народни песни.

„Почивај во мир, драг мој Мирче. Македонија изгуби денес еден од најдобрите вокали, прекрасен човек и другар. Почивај во мир и нека ти биде патот светол до вечноста. Сега да им пееш на ангелите“, напиша на Фејсбук пејачот Ѓоко Ѓорчев кога почина Чуков.

„Направи многу музички дела и задолжи многу музички генерации пробивајќи им пат. Струмица и Македонија се сега сиромашни за уште еден музички великан. Преку твоите песни ќе живееш овде меѓу нас“, пишуваа пријатели на Чуков.

Кога ќе се спомнат ,,Интервали”, повозрасните генерации знаат дека тие правеа забави за кои секогаш се прикажуваше, бидејќи и двајцата беа вистински вљубеници во музиката и пееја од срце. Она по кое беа на некој начин препознатливи, е што никогаш не пееа турбо-фолк песни, без оглед дали тоа некој од публика ќе го побараше од нив. Нивниот богат репертоар беше составен од забавни македонски мелодии, евергини на италијански, шпански и грчки јазик, и секогаш се трудеа да остават печат со македонската песна, пишува „Викимедија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот