Почина Љиљана Седлар, актерката од „Подобар живот“ и „Жикина династија“

Српската актерка Љиљана Седлар почина на 80-годишна возраст по кратко боледување, потврдиле за српски „Курир“ пријатели на актерката.
Љиљана Седлар е родена на 1 ноември 1943 година во Белград, а во својата повеќедецениска кариера одиграла десетици улоги.
Првата улога на големото платно ја остварила во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, по што се нижеле улогите во „Опишаните“, „Мојот татко на одредено време“, „Жикана династија“, „Развод на одредено време“ , „Шпион на високи потпетици“ и многу други.
Љиљана Седлар е најпрепознатлива по улогата на Дуда Павловиќ, познатата тешта на Саша Попадиќ во култната серија „Подобар живот“. Љиљана се појави во 20 епизоди од познатата серија.

Позната е и по улогата во филмот „Кажи ми зошто ме остави“. Последната улога ја остварила во 1998 година во „Враќање“, во која го толкуваше ликот на мајката на девојката на Никола, по што се пензионирала.
Таа беше долгогодишен член на Белградскиот драмски театар. Се занимавала со културно-уметничка работа во општествени организации. Извесно време била и директорка на Белградскиот драмски театар.
Седлар настапувала и на други белградски сцени.