Карл Карлтон - Фото: Принтксрин/Јутјуб

Почина легендарниот музичар Карл Карлтон: „Долга и тешка животна борба ќе недостигаш“

Музичарот Карл Карлтон почина на 73-годишна возраст. Кандидатот за Греми награда, најпознат по хитови како „She’s a Bad Mamma Jama“ и „Everlasting Love“, почина на 73 години, а неговиот син ја потврди тажната вест во неделата, пренесува „Дејли Мејл“.

„Почивај во мир, тато. Легенда Карл Карлтон, пејач на песната „She’s a Bad Mama Jama““, напиша тој покрај фотографија на покојниот фанк и ар-ен-би пејач.

„Долга и тешка животна борба ќе недостигаш“, додаде тој.

На својот личен профил на социјалните мрежи, тој сподели портрет на Карлтон со порака: „Почивај во мир, тато. Сега конечно можеш да се одмориш. Секогаш ќе те сакам.“

Смртта на оваа соул легенда, родена во Детроит, доаѓа шест години откако во 2019 година доживеа тежок мозочен удар, кој доведе до долготрајни здравствени компликации.

Причината за смртта сè уште не е јавно соопштена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот