Почина францускиот моден дизајнер Клод Монтана: Неговите модни креации ги одбележаа 80-тите

Фото: Pierre GUILLAUD / AFP / Profimedia

Почина познатиот француски моден дизајнер Клод Монтана на 76-годишна возраст. Според странските медиуми, тој починал денеска во Париз. Клод стана икона во осумдесеттите години на минатиот век со своите модни дизајни со екстремни силуети,  тесен струк и нагласени ременици, пишува „Фешннетврок“.

Неговата кариера беше низа од подеми и падови, како што имаше кажано и самиот дизајнер. Препознатлив е по вечниот изглед „Easy Rider“, модна комбинација од јакна, кожени панталони и каубојски чизми.

Се појави во 70-тите, стана миленик во модниот свет во 80-тите, а се прослави во 1990 година кога прошета низ вратите на модната куќа „Ланвин“, која во тоа време ја прославуваше својата 100-годишнина.

Двапати ја освои највисоката чест – наградата за висока мода и тоа за многу краток временски период. Во текот на животот наиде на финансиски и лични проблеми и исчезна од јавноста на почетокот на новиот милениум.

Клод Монтата е роден во Париз на 29 јуни 1947 година, како Клод Монтамат, а израснал во богато семејство. Неговата мајка била германска протестантка, а татко му Каталонец. Бил ученик во гимназијата Кондорса, но немал намера да тргне по стапките на својот вреден постар брат.

По дипломирањето, тој работел со скратено работно време во Париската опера пред да замине во Англија. Првата модна ревија била во 1975 година.

Неговите светли бои и екстравагантна облека со нагласени раменици беа вистински хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот