Тодор Делипетров / Фото: ТВ Стар / скриншот / Јутјуб

Почина еден од основачите на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Тодор Делипетров

Во Штип на 75-годишна возраст почина проф. д-р Тодор Делипетров, еден од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД), јави „СДК.мк“.

Делипетров беше професор на Факултетот за природни и техники науки на Штипскиот универзитет, а најмногу се задржа на Рударско-геолошкиот факултет. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот за физика, а потоа во областа на геофизиката докторирал на природно-техничките науки.

Автор е на стотина научни трудови, а во последните години имаше научно-истражувачки активности на полето на геомагнетиката, геоелектрониката и сеизмологијата. Делипетров беше и почесен член на Македонското геолошко друштво.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Штип, пишува „СДК.мк“.

Почина професор Кирил Темков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот