Почина Џејн Трка, актерката од „Страшен филм“: Била пронајдена мртва со повреди на телото
Актерката од „Страшен филм“ (Scary Movie), Џејн Трка, била пронајдена мртва во својот дом во Сан Диего на возраст од 62 години, пишува „Индепендент“.
Препорачано
Нејзината смрт ја потврдил синот за „ТМЗ“, кој додал дека Трка починала на 12 декември.
Медиумот наведува дека Трка била пронајдена со „повреди на телото“, а ја пронашол пријател кој не успеал да стапи во контакт со неа преку телефон во деновите претходно.
Портпарол на Медицинскиот испитувач на Сан Диего изјавил за „Ју-ес Сан“ (The US Sun) дека „имала поверди на телото, но во моментот не можат да укажат на причината за смртта“.
Трка го играше ликот на наставничка во теретана, Мис Ман (Miss Mann), во хорор франшизата од 2000 година, и исто така работеше како професионален борач пред да премине во филмската и телевизиска индустрија.
Нејзините дополнителни улоги вклучуваат и учество во музичкиот спот „Телефон“ (Telephone), соработка на Лејди Гага (Lady Gaga) и Бијонсе (Beyoncé) од 2010 година, како и хорор филмот од 2016 година „Лошата група“ (The Bad Batch) заедно со Суки Вотерхаус и Киану Ривс.
Според нејзината официјална биографија, Трка започнала со бодибилдинг во 1986 година и почнала да се натпреварува во 1988 година. Подоцна станала личен тренер и агент за недвижности додека работела во забавната индустрија. На својот официјален сајт, Трка се нарекувала „актерката со уникатена физикус“ (the actress with the unique physique).
Трка исто така се борела под името Кејси Кавана и за списанието „Мас Масл Магазин“ (Mass Muscle Magazine) изјавила дека ја открила љубовта кон спортските борби уште како дете.
„Се сеќавам дека стоев во долна облека во нашата дневна соба, и правевме боксерски и боречки натпревари со брат ми,“ се присети таа. „Обично ги гонев момчињата од соседството, обожавав да имам предност над нив.“


