Почина Џон Незбит: Американскиот публицист замина на 92-годишна возраст

Фото: Профимедиа

Американскиот публицист Џонн Незбит, чиј бестселер „Мегатрендс“ беше објавен во неколку десетици земји, почина на 92-годишна возраст, пренесе австриската агенција АПА.

Незбит починал во четвртокот, во неговиот дом на езерото Вортерс во Австрија, а причините за смртта не се наведени, пренесува АП.

Неговата книга „Мегатрендови – Десет нови насоки кои го трансформираат нашиот живот“ зборува за разбирањето на сегашноста со цел да се предвиди иднината.

Незбит има напишано уште неколку книги, од кои некои се посветени на подемот на Кина.

Тој исто така го основал Институтот „Незбит Кина“, истражувачка институција која ја проучува трансформацијата на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот